Божиновска: Не сме се откажале од проектот Вардарска долина

by irena 11:47
11:47

Не сме се откажале од ништо што е бенефит за Македонија, рече денеска министерката енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на новинарско прашање дали Владата се откажала од проектот Вардарска долина на сметка на изградбата на брзата пруга на Коридор 10.

Божиновска на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството посочи дека во изминатата година изградиле институција што ја движи енергетиката, а особено го истакна значењето на новиот Закон за енергетика.

Донесен е десетгодишен план за развој на преносната мрежа, воведена е методологија за енергетска сиромаштија, обезбедена е забрана за исклучување на струја во зимските месеци за ранливите домаќинства. Исто така, лани 7000 семејства добиле ваучери за инвертер клима уреди, а годинава ќе бидат обезбедени 60 милиони денари за поддршка на лицата со попреченост и нивните семејства.

Во врска со новиот Закон за енергетика, таа објасни дека за прв пат се работи институционално, транспарентно и во соработка со ЕУ и додаде дека Законот беше пофален во Брисел и целосно усогласен со европските стандарди. Божиновска истакна дека воведен е нов концепт за складирање енергија и методологија за мерење на енергетската сиромаштија, што е значаен чекор за помош на ранливите категории граѓани. Според неа, целта е целосна интеграција на македонскиот енергетски сектор во европските стандарди, а методологијата се развива во соработка со ЕВН и Министерството за социјални работи, а енергетската сиромаштија се мери преку оваа методологија.

„Работевме на крајно на транспарентен начин. Ги повикавме сите учесници кои се релевантни за законот, имавме околу 16 јавни расправи, бевме на линија со ЕУ и со Енергетската заедница од Виена што значи дека ние работевме целосно транспарентно. Ги имплементиравме сите ЕУ практики, значи целосно е имплементиран ЕУ пакетот за чиста енергија. Законот е 300 страници, значи има сериозно голем број на работи кои се имплементираат“, истакна Божиновска.

Слични вести