Бонусите на СЈО се причина за хајката против мене, вели суспендираниот обвинител Хајрулахи

by Фокус

Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, најави дека ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители, откако Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност утврди дека тој и уште еден јавен обвинител сториле тешки дисциплински повреди, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки.

Хајрулахи тврди дека единствената причина за целата хајка против него е постапката за бонусите за ангажираните во поранешното Специјално јавно обвинителство.

-Најодговорно и под морална, материјална и кривична одговорност тврдам дека единствената причина за целата хајка против мене се само бонусите против СЈО – вели тој за МИА.

Хајрулахи нагласи дека по одлуката на Комисијата, следува поднесување жалба до Советот на јавни обвинители.

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност донела одлука дека Хајрулахи сторил тешки дисциплински повреди и оти ќе поднесе предлог за негово разрешување до Советот на јавни обвинители.

Освен за Хајрулахи, Комисијата донела одлука и за вишиот обвинител Јован Цветановски.

Поврзани новости