По само два месеци првиот човек на Македонски Концепт – Петар Богојески заминува од функцијата директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Информацијата ја објави самиот.
Тој по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека „Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција”.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е јавна институција која е формирана со Закон донесен од страна на Собранието на Република Македонија а која се финансира со пари од Европската Унија.
Целта на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е да работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Македонија.