Битолчанка (28) со остар предмет го расече својот татко – уапсена е

by irena 13:53
13:53

Уапсена е битолчанка откако, според пријава, во семејниот дом со остар предмет го нападна својот татко и му нанесе повреда.

Од МВР информираат дека синоќа во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Г.И.(28) од Битола.

Според пријавеното, 28-годишната жена во семејниот дом го нападна својот татко со остар предмет, при што му нанесе расекотина.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести