Пијан скопјанец направи сообраќајка во Аеродром, со возилото удри во жардиниера

by irena 14:02
14:02

МВР информира дека вчера на 18:50 часот на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(54) од Скопје.

Од МВР информираат дека 54-годишниот С.К. е уапсен затоа што претходно управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардиниера.

При извршен увид и направени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,2 промили алкохол во крвта.

„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.

Слични вести