„Беше тивок, никогаш не би рекол дека е способен за тоа“ – соседите на убиецот по масакрот во Грац

by Fokus

Во масакрот во училиштето во Грац убиени се 10 лица, а 11-тата жртва беше младиот Артур А. (21) кој го изврши злосторството. На крајот од крвавиот пир, тој изврши самоубиство, а неговите соседи изјавија за австрискиот портал „Хојте“:

„Беше тивок, смирен и целосно незабележлив. Беше многу тивок човек, никогаш не би рекол дека е способен за нешто такво“, рече еден сосед.

Другите соседи имаа слично мислење. Сите се шокирани и преплашени.

Една жена дури рече дека често го гледала со „неуредна коса“. Таа верува дека тој „не привлекувал внимание на улицата“ со својот изглед, била целосно изненадена кога дознала кој е убиецот.

11 лица загинаа во масакр во училиште во Грац утрово. Убиецот извршил самоубиство и оставил проштално писмо во кое ја навел причината за злосторството.

Во писмото пронајдено во куќата на убиецот во областа Грац-Умгебунг, Артур напишал дека се чувствувал малтретиран, пренесуваат медиумите. Писмото го пронашла полицијата.

Поврзани новости