Белгискиот премиер беше цел на планиран напад со камикази дронови

by irena 19:50
19:50

Белгискиот премиер Барт де Вевер беше цел на планиран напад со камикази беспилотни летала.

Како што објавува белгискиот весник „Де Стандард“, Федералното обвинителство разби наводна џихадистичка терористичка ќелија во Антверпен.

Уапсени се тројца малолетници. Двајца сега се во притвор.

За време на рациите во областа Деурн во Антверпен, само неколку стотини метри од приватната адреса на премиерот Де Вевер, истражителите наишле на импровизирана експлозивна направа, која наводно не била во функција.

Покрај тоа, властите пронашле челични топчиња и 3Д печатач, за кои се верува дека се користеле за изработка на делови за камиказе дронот.

Според истражителите, осомничените планирале да го наполнат дронот со експлозив и да го насочат кон куќата на Де Вевер.

Истрагата е во тек поради сомневање за обид за терористичко убиство и учество во активности на терористичка организација, пишува „Де Стандард“.

Двајца од осомничените се сметаат за радикализирани, додека за еден се вели дека е од чеченско потекло. „Де Стандард“ го опишува нападот како мотивиран од „џихадизам“. Третиот млад човек бил ослободен.

Во 2023 година, Барт Де Вевер, тогашен градоначалник на Антверпен, бил цел на осуетен терористички план. Петмина мажи потоа биле осудени на затворски казни до 13 години.

Слични вести