Арсовска: Мир и спокој на сите, освен на Висар Ганиу и другарчињата кои му се закануваат на син ми

by Fokus

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска упати честитка по повод Курбан Бајрам, а истовремето и порака по повод Задушница во пресрет на големиот празник Духовден.

– Честит Курбан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед, со искрени желби за добро здравје и многу среќа. Хуманоста, хармоничните односи меѓу луѓето и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на исламот, на празникот Курбан Бајрам исполнете ги со посета на роднините и пријателите, со честитки и добри желби за секој, вели таа на почетокот на војата фејсбук објава.

Арсовска сподели дека токму на Духовден е роден нејзиниот син, по кој, како што рече, трпи закани.

– Годинава на ист ден е и Задушница во пресрет на големиот празник кој доаѓа во недела – Духовден. Сеќавајќи се на покојните претци, смислата на овој ден е во молитвата, варена пченица, вино и леб. Овој ден има посебно значење бидејќи пред 21 година токму на Духовден е роден мојот син, по кој ми се закануваат другарчињата на Висар Ганиу, порача градоначалничката.

– На овој ден мир и спокој им посакувам на сите, освен на урбаната мафија на Ганиу, затоа што во Македонија заслужуваме хумано и безбедно да живееме секој ден во годината. Поздрав од Портпаролот за спречување корупција на Конгресот на Совет на Европа, Данела Арсовска, наведува првата жена на Град Скопје.

Поврзани новости