252
Поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, му упати јавна порака на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го за, како што вели, „лажни тврдења“ за долговите на Градот и бројот на вработени.
Арсовска му порача на Ѓорѓиевски да не се крие зад партиски соопштенија и „ботови“:
„Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите полусветови ботовски да ме навредуваат, бидејќи знае народ дека лажеш.“
На крајот, поранешната градоначалничка го повика Ѓорѓиевски на јавна телевизиска дебата:
„Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење.“