Архитектот Ралев не се повлекол од трката за градоначалник на Скопје, очекува поддршка од СДСМ

by irena 22:55
22:55

Архитектот Мишко Ралев го демантираше тврдењето дека се повлекол од трката за градоначалник за Скопје како кандидат на СДСМ.

Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ претходно тврдеа дека тој не сакал да влезе во однапред изгубена трка. Кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градски татко ќе биде актуелниот градоначалник на Кисела вода – Орце Георгиевски.

-Не се точни тие тврдења, јас не сум се повлекол, ако ја добијам довербата на СДСМ, јас ке се тркам за градоначалничката позиција на Скопје, изјави за Канал 5 професорот Ралев.

Слични вести