Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи рече дека Моџтаба Хамнеи е „во добра здравствена состојба“ и „целосно ја контролира ситуацијата“.
Арагчи додаде дека Иран ја поздравува секоја „регионална иницијатива што води кон праведен крај на војната“, но нагласи дека „моментално нема конкретни иницијативи на маса за завршување на војната“.
Што се однесува до Ормутскиот теснец, Арагчи рече дека преминот е „отворен за сите освен за американски бродови и бродови на нивните сојузници“.
Иранската армија се закани дека ќе го убие израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија иранските државни медиуми.
Полу официјалната новинска агенција Мехр објави дека Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) изјавила дека „ќе продолжи да го гони и да го убие“.