Апасиев: Левица станува лидер на опозицијата во Македонија

by irena 08:44
08:44

Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, рече вчера претседателот на партијата Димитар Апасиев. Тој соопшти дека кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ влегува во трката во вториот круг и соопшти дека Левица добила над 70 советници.

Покрај во Скопје, втора партија пред СДСМ Левица станува во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Велес. Левица е вистински лидер на опозицијата а планот за пасокизација на СДСМ се оствари. За Орце имам порака, не бегај од дебата!, рече Апасиев.

Мециновиќ се заблагодари за поддршката и истакна дека за првпат во Скопје има кандидат кој не е поддржан од двете најголеми партии.

Слични вести