„За пожарот којшто во неделата околу пладне изби покрај магистралниот пат кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се појавуваат нови индиции дека е подметнат“.
Ова денеска го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување – Стојанче Ангелов.
„Најпрво, на местото на избувнувањето на овој пожар можев да видам дека линијата на огнот е многу широка како за пожар кој би се појавил од фрлен отпушок од цигара. Денеска утрово, додека пожарникарите работеа на негово догаснување, најдоа на неколку места дрвени палети, претходно најверојатно намачкани или прелиени со бензин и фрлени во смреки. Некој намерно утрово се обидуваше да го реактивира овој пожар, којшто е под контрола“ – рече Ангелов.
Апелираше до граѓаните доколку забележат сомнително однесување, веднаш да пријават на бројот 112.