Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближи до куќите

by irena 10:09
10:09

Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани доброволни пожарникари од Битола и Кочани, а дополнително била побарана помош од екипи од Прилеп и Кавадарци.

-Благодарение на храбрите пожарникари од Битола и Кочани, селото беше спасено, рече Ангелов, посочувајќи дека теренот бил тежок, со ридови и висока вегетација, а огнената линија била долга.

Во интервенцијата учествувале и доброволци од Битола, од кои дел се наголтале чад.

Ангелов предупреди дека без навремена интервенција огнот можел да помине низ селото, во кое има повеќе од 50 куќи и живеат повеќе од десет лица, меѓу кои и мајка со бебе.

Слични вести