Сè повеќе странски возила на „Пелинце“ – го избегнуваат „Табановце“

by irena 10:00
10:00

Според информациите кои се појавија во јавноста, голем дел од возачите од странство, го користат граничниот „Пелинце“ како алтернатива поради страв од задржување на „Табановце“ и проверка на неплатени сообраќајни казни.

Изминатиот период имаше долго чекање на „Табановце“ поврзано со проверка и регулирање на неплатени сообраќајни прекршоци.

Со „Сејф сити“, контролата на сообраќајните прекршоци и наплатата на казните добија нов системски начин на спроведување.

„Пелинце – Прохор Пчински“ е вториот патен граничен премин меѓу Македонија и Србија, покрај „Табановце“, и претставува алтернативна патна врска меѓу двете земји.

За странските возачи, прашањето со неплатените сообраќајни казни е особено значајно, бидејќи нивното регулирање може да биде услов при излез од земјата.

Слични вести