Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, објави дека имал средба со шефот на Делегацијата на ЕУ, Михаил Рокас. Според соопштението, на средбата се разговарало за актуелните политички случувања во земјата и европската перспектива на Македонија.
„На средбата детално се разговарало за обврските што ги има Република Северна Македонија во однос на Европската Унија, како и за одговорноста на домашните институции и власти за исполнување на сите потребни реформи и обврски кон полноправно членство во ЕУ.
Претседателот Ахмети повтори дека европската интеграција останува стратешки приоритет и главен државен интерес, нагласувајќи дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен членството во Европската Унија.
Соговорниците ја оценија важноста од продолжување на реформите, зајакнување на владеењето на правото, демократското функционирање на институциите и одржувањето на проевропската ориентација на земјата, како клучни предуслови за унапредување на процесот на интеграција“, се вели во соопштението на ДУИ.