Адвокати или стручни соработници?

by Fokus

Во изминатите неколку години на судовите ширум државава им фали кадар. Но вистински атрактивно работно место во еден суд е – стручен соработник. Атрактивно е бидејки платите се околу 50 илјади денари, а на тоа и секој месец Судски совет дава додаток од околу 10 %, што би значело плата од над 55 илјади денари.

Се поставува прашањето дали на секој судија му е потребен стручен соработник како што бараат судиите или еден стручен соработник може да работи за повеќе судии. Несомнено праксата покажува дека еден стручен соработник може да извршува работни задачи и за по повеќе судии. Поради атрактивноста на платата особено во малите градови и поради обемот на работа и видот на работните задачи кои се сведуваат да се помага на судиите во пишувањето на актите, пресуди, решенија и слично, ова работно место – стручен соработник е атрактивно пред се за адвокатите.

„Фокус“ дознава дека во добар дел од помалите градови, во изминатите неколку години, со договор на дело, постојано биле ангажирани стручни соработници кои претходно биле адвокати. Од кога ќе им поминел договорот на извесен период, пак се враќале во адвокатура. За тоа кој кандидат ќе биде избран на определено работно време, по оглас в судот, одлучуваат претседателите на судовите, по три дневен оглас, временски период во кој понекогаш е невозможно да се разбере дека огласот е објавен а камоли да се соберат документи за истиот и да се аплицира навремено.

Огласите знаат да бидат објавени и во четврток попладне или во петок па веќе во понеделник да е предоцна за аплицирање, како што бил последниот таков оглас во Основниот суд Делчево на пример. Па така овие огласи стануваат интерна работа на судиите и нивните најбизок круг на пријатели, односно не често токму најдобри другари/рки на судиите во еден суд стануваат нивни стручни соработници. Но што по завршувањето на временскиот период за кој се вработени ?

Истите се враќаат на адвокатура, и од таа позиција се обидуваат да издејствуваат повторно да бидат вработени во судот. Но се поставува прашањето, дали ваквите, повремено адвокати, повремено стручни соработници, не ја злоупотребуваат својата работна позиција додека се во судовите за лично ним или за нивните работодавци да си закажуваат рочишта што поскоро, да влијаат врз одлуките на судот во корист на нивни предмети, да влијаат во поглед на извршувањето на судските одлуки, па дури и во приоритетот на достава на самите одлуки. Ваквата пракса остава огромен сомнеж за функционирањето на судовите, особено што во борбата за државно работно место, не ретко овие адвокати – стручни соработници, и додека се адвокати, се појавуваат во судовите после пауза за да сработат за судиите она што е потребно со цел да си ја чуваат фотелјата.

Во Основен суд Кочани пак има пример каде на 5 судии има 5 веќе постоечки вработени стручни соработници, на крајот од 2023 година се вработува нов стручен на неопределено време, иако фалат дактилографии, хигиеничари и шалтерски работници. Ист е случајот со ваков вид кадар во речиси секој суд, без кој вид на кадар судовите не би можеле да функционираат, но во речиси секој суд приоритет е вработување на стручен соработник што може да се види и од тоа што судовите бараат кога бараат од Министерството за финансии, пари за нови вработувања, како и од последните барање по пат на преземање на лица од други институции.

Поврзани новости