„Најново, во втор круг одиме во општина Студеничани. Нашиот кандидат води кон независниот кандидат Садики. Резиме од се што истакнавме вечерва. Нови градоначалници имаме од редовите на НАИ во Гостивар, во Липково, во Чашка, во Пласница, во Врапчиште сме апсолутен победник, но поради бојкотот не е обезбеден цензус, па ќе има повторување на изборите. Апсолутен победник сме во општина Куманово – и за градоначалник и советнички листи“ рече вечерва Арбр Адеми од Националната алијанса за интеграција.
Тој посочи дека НАИ во втор круг ќе има кандидати во „Кичево, Струга, Студеничани, Тетово, Долнени и во општина Арачиново“.
„На национално ниво НАИ е апсолутен победник со над 20.000 гласови, а оваа разлика може да биде уште поголема во споредба со ВРЕДИ“ рече Адеми.