(ФОТО) Филипче: Поплавена соба и распаднат таван – македонското здравство со Мицкоски и Клековски

by irena 14:38
14:38

Поплавена соба и распаднат таван – ваков опис дава лидерот на СДСМ, Венко Филипче објавувајќи фотографија од соба за која вели дека е во Клиничката болница во Штип.

„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски“, пишува Филипче.

Според него, станува збор за катастрофални услови во кои се лекуваат пациентите и работат лекарите

„Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“,прашува Филипче.

Слични вести