МВР: Жената која удри момче на пешачки не избега од местото, а внатрешната контрола истражува можни неправилности кај полицајците

by irena 20:03
20:03

МВР се огласи за случајот со прегазеното момче кај скопската гимназија „Георги Димитров“. Мајката на детето ја обвини жената која возела дека заедно со полицијата се обиделе да го заташкаат случајот.

Мајката на момчето, на социјалните мрежи напиша дека наводно жената која возела прво му понудила на нејзиниот син 300 евра за да не го пријавува инцидентот, а потоа, во болницата, препознала еден од полицајците и му се обратила барајќи да „ѝ среди“.

Од МВР наведуваат дека жената која го удрила момчето на пешачки премин, не избегала од местото на несреќата.

„На 23.11.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје пријавено е дека на крстосница од ул. „Париска” и ул. „Хелсинки” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(70) од Скопје и пешак О.А.(18) од Скопје. Од незгодата О.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза”. Ве информираме дека Н.Т. не го напуштила местото на настанот и останала заедно со полициските службеници до завршување на целокупниот увид. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Внатрешната контрола истражува дали имало неправилности во постапувањето на полицајците.

Слични вести