(ФОТО и ВИДЕО) Протест на „Ниту една повеќе“ во Скопје: Не е трагедија, фемицид е!

by irena 17:33
17:33

Неколку стотини граѓани попладнево пред македонското Собрание, во паркот „Жена-борец“ се собраа на протест против насилството врз жените.

Со транспаренти на кои пишува „Не е трагедија, фемицид е“ и „Не е љубов ако те убива“ граѓаните миро протестираат и велат, со години се повторува истото сценарио политичари и носители на функции се фотографираат, даваат ветувања и декларативно се обврзуваат на промени, но кога треба да се преземе конкретна акција, процесите заглавуваат.

Маршрутата на протестот е од паркот „Жена-борец“, кон популарниот Рекорд, право кон булеварот „Климент Охридски“, па лево се до крстосницата со улицата „Јордан Мијалков“, а потоа насобраните ќе се упатат до Министерството за внатрешни работи.

З.Ф.

Слични вести