Автомобил удри во бетонска ограда во скопско Козле – возачот и сопатничката се тешко повредени

by irena 16:46
16:46

Скопјанец (25) и неговата сопатничка (24) се тешко повредени откако со автомобилот удриле во бетонска ограда во скопската населба Козле, соопштија од МВР.

„На 25.11.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Козле“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.Б. од Скопје, удрило во бетонска ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 24-годишна сопатничка М.Ц. од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје“- информираа од полицијата.

 

Слични вести