3
Во охридското село Пештани, три лица од Битола физички нападнале маж кој држел малолетно дете, при што детето се здобило со телесни повреди. Полицијата брзо интервенирала, а сторителите биле уапсени и поднесена е кривична пријава за насилство врз дете.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(47), О.Р.(22) и А.Р.(25), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 23.08.2026 во охридското село Пештани, пријавените физички го нападнале Р.Б., кој во раце го држел неговото малолетно дете, кое во нападот се здобило со телесни повреди.
По брза интервенција на полициските службеници, напаѓачите биле пронајдени и лишени од слобода, соопшти полицијата.