Тројца загинати во руски напад во Запорожје

by irena 14:32
14:32

Руските сили денеска погодија напуштена приватна клиника во Вознесенскиот реон во Запорожје.

Според првичните информации, три лица загинаа, а едно е повредено.

Началникот на Воената управа на Запорошката област, Михаило Семикин, соопшти дека во тек се операции за пребарување и спасување.

„Досега е потврдено дека три лица загинаа. На вториот кат избувна пожар, кој е ставен под контрола“, додаде тој.

Тој исто така наведе дека во вториот напад бил погоден отворен простор во центарот на Запорожје, но нема повредени, пренесува „Украинска правда“.

Во текот на ноќта, руските сили ја нападнаа Украина со 153 беспилотни летала.

Слични вести