Владата за околу 9,5 милиони евра ги намали блок-дотациите за образованието

by irena 13:50
13:50

Владата за 2027 година ги намали блок-дотациите за основното и средното образование за околу 570 милиони денари. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека со новата формула за праведна распределба на средствата конечно ќе се надминат долгогодишните аномалии во образовниот систем.

Промените, според неа, ќе значат и оптимизација на училишната мрежа, преку затворање или спојување на паралелки.

Наставниците кои нема да имаат доволен фонд на часови ќе бидат пренасочени кон дневен престој, дополнителни воннаставни активности, работа со талентирани ученици и поддршка на децата кои имаат потешкотии во учењето.

Целиот процес, најавува Јаневска, треба да биде завршен во рок од четири до пет години.

Слични вести