Данска ја обвини Русија за планирање убиство на американско-украински државјанин

by vlatko 21:18
21:18

Данските власти спречија обид за атентат врз американско-украински државјанин на данска територија организиран од руските разузнавачки служби, соопшти кабинетот на данскиот премиер.

Како одговор на овој инцидент, руски воен аташе е протеран од Данска, јавува данскиот јавен сервис ДР.

Полицијата соопшти дека во врска со обидот за атентат се уапсени двајца мажи, за кои постои сомневање дека се членови на забранетата данска банда „Лојални на семејството“.

Овие настани се случуваат во време на обновени тензии меѓу Европа и Русија.

Претходно, две руски ракети паднаа во Полска.

Слични вести