Предложен притвор за вработен во Дирекцијата за заштита и спасување осомничен за поткуп

by irena 16:17
16:17

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против вработен во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп од 32.000 денари.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот работел во Одделението за издавање урбанистички согласности и бил овластен да потпишува, да дава мислења и да издава согласности за просторни и урбанистички планови, проекти и елаборати поврзани со заштита од пожари, експлозии и опасни материи.

Тој се сомничи дека директно побарал и примил 32.000 денари за издавање согласност за елаборат, иако документот не ги исполнувал условите за градба во делот на заштитата од пожари, експлозии и опасни материи.

Јавниот обвинител оценил дека постои опасност од бегство, повторување на делото или влијание врз сведоци, поради што до судија на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор.

Слични вести