2
МВР информира дека вчера попладне во 18:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Т.(43) од Турција, со престој во Скопје.
Постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ги нападнал неговата 50-годишна сопруга од Скопје и нивниот малолетен син и упатувал закани со остар предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.