МВР информира дека денеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.
„Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола“ велат од МВР.
Инаку, на 10.11.2026 година во 23 часот и 10 минути во СВР Битола, 21-годишна битолчанка пријавила дека околу 17 часот била физички нападната од нејзиниот партнер К.У. Според пријавеното, тој подолг временски период физички и психички ја малтретирал и ѝ упатувал закани.
Во моментот на пријавувањето, во СВР Битола доброволно дошол и пријавениот К.У. заедно со негов родител.
При преземањето службени дејствија од страна на полициските службеници, со намера да биде лишен од слобода, лицето преку отворен прозорец избегало од просторијата за развод.