Таткото на претепаната охриѓанка заврши во полиција – пријавен за закани кон осомничениот и неговото семејство

by irena 10:52
10:52

Полицијата го привела и го задржала во полициска станица таткото на девојката која беше жртва на физичко насилство во Охрид, откако бил пријавен за телефонски закани кон 31-годишниот осомничен за нападот и неговото семејство.

Според информациите, мајката на осомничениот пријавила во полиција дека таткото на нападнатата девојка телефонски му се заканувал на нејзиниот син, но и на останатите членови на семејството.

По пријавата, полициските службеници го привеле 49-годишниот охриѓанец истиот ден, во 13:20 часот, по што бил задржан во полициска станица.

Од полицијата најавуваат дека по документирањето на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични вести