Сибиха ги повика европските влади по примерот на Естонија да ги затворат границите кон Русија

by irena 21:50
21:50

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, ги повика европските влади да го следат примерот на Естонија, која одлучи да ги затвори сите гранични премини кон Русија почнувајќи од 1 декември.

„Одлуката на Естонија да ги затвори сите гранични премини кон Русија, која стапува на сила на 1 декември, испраќа јасна порака – непријателските дејствија имаат конкретни последици. Ја поздравуваме оваа одлучна мерка насочена кон зајакнување на безбедноста на Естонија“, напиша Сибиха на платформата X.

Според него, Естонија покажа дека руските саботажи можат и мораат да имаат последици кои одат подалеку од дипломатска осуда.

„Тој пристап заслужува поширока поддршка низ цела Европа“, додаде шефот на украинската дипломатија.

Естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахна, денеска изјави дека неговата земја ќе ги затвори сите гранични премини кон Русија од 1 декември, по обидот за саботажа во една компанија – инцидент за кој Естонија ја обвинува руската воена разузнавачка служба.

„Поради јасните докази дека ГРУ (руската воена разузнавачка служба) наредила саботажа против естонска компанија од одбранбениот сектор, Естонија ќе ги затвори сите гранични премини со Русија од 1 декември“, напиша Кахна на платформата X.

„Обидите за заплашување, дестабилизација или загрозување на нашата безбедност нема да останат без одговор“, додаде Кахна, наведувајќи дека ги известил своите колеги од Финска, Латвија и Литванија за оваа одлука.

Естонскиот премиер Кристен Михал претходно денеска изјави дека бил направен обид да се запали фабрика за дронови и за тоа ја обвини руската разузнавачка служба.

Слични вести