Агресивен кочанчанец (40) се заканувал на 44 годишна жена од Делчево поради сообраќаен прекршок

by irena 14:29
14:29

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.М.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Како што информираа од полицијата, на 07. овој месец околу 14:30 часот, по претходно недоразбирање околу сообраќаен прекршок, пријавениот агресивно се однесувал кон Б.В.(44) од Делчево, а потоа отишол пред нејзиниот стан, тропал на вратата и ѝ се заканувал, а во неколку наврати на нејзиниот мобилен телефон ѝ праќал смс пораки со заканувачка содржина.

Слични вести