2
Полицијата уапсила 36-годишен жител на Гевгелија, по пријава за агресивно однесување и вознемирување на неговата поранешна партнерка, 43-годишна жена.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, мажот подолг временски период ја следел и вознемирувал жената со која претходно бил во љубовна врска.
Тој бил лишен од слобода на 13 ноември, во 19:40 часот, по што бил задржан во Полициската станица во Гевгелија.
За случајот бил известен јавен обвинител, а против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава. Тој треба да биде изведен пред судија во Основниот суд во Гевгелија.