Македонка загина во голема сообраќајка во Албанија

by irena 21:55
21:55

Две лица загинаа, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10:15 часот во Албанија, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер. Меѓу жртвите е и 42-годишната Малтина Ферати (М.Ф.) од Тетово.

Според првичните податоци од албанската полиција, до несреќата дошло при директен судир меѓу две патнички возила од засега неутврдени причини.

На самото место животот го загубиле 42-годишниот Б.О., кој управувал со едниот автомобил, и тетовката Ферати, која се превезувала како сопатничка во другото возило, управувано од 45-годишниот А.Ф.

Останатите пет лица вклучени во несреќата се префрлени во болница за лекарски прегледи и укажување медицинска помош.

Полициски и истражни екипи вршат увид на местото на судирот за да ги утврдат околностите под кои настанала несреќата. Засега нема официјални детали ниту за причините за судирот, ниту за тежината на повредите на хоспитализираните лица.

Слични вести