Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, седум лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: 17-годишник од Скопје, Р.Џ.(27) од с. Крушопек, скопско, 16-годишник од Неготино, А.М.(32) од Чашка, Б.М.(45) од Берово, М.К.(20) од с. Драслајца, струшко и Б.С.(39) од с. Обршани, општина Кривогаштани.
Двајца возачи управувале возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило.
Станува збор за Ј.Б.(23) од с. Тремник, неготинско и З.Ј.(55) од Скопје.
Додека, пак, А.Ц.(55) од Прилеп управувал под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.