Граѓани снимиле камион како истура отпад кај „Јане Сандански“, Општината изрече казна

by irena 13:21
13:21

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако забележале камион како истура отпад на градилиште во близина на поликлиниката „Јане Сандански“.

По објавувањето на фотографиите во групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“, општинските инспекциски служби излегле на терен и презеле мерки.

Од Општина Аеродром известуваат дека на изведувачот му било наложено да го отстрани отпадот и да ја исчисти локацијата, а инспектор за животна средина му изрекол и парична казна.

Граѓаните претходно реагирале поради сомнежите дека градежната дупка околу објектот се пополнува со отпад и градежен шут наместо со соодветен материјал. Дел од нив предупредиле дека ваквото постапување може да предизвика проблеми во иднина, вклучително и пропаѓање на земјиштето и површините околу објектот.

По интервенцијата, отпадот бил отстранет, а на градилиштето била поставена нова заштитна ограда.

Од Општината најавиле дека ќе продолжат со инспекциски контроли за да спречат непрописно одлагање отпад и создавање диви депонии.

Слични вести