(ВИДЕО) Мицкоски на надзорна расправа за Алта банка: Темата за Давор Мацура е отворена во владата на Ковачевски

by irena 12:46
12:46

Алта банка нема да банкротира, изјави денес на Надзорната расправа во Собранието, премиерот Христијан Мицкоски, кој беше првиот кој што седна на клупата пред пратениците да одговара на нивните прашања околу влезот на Алта банка Белград во земјава и за неговата улога во целиот процес.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет јај почна надзорната расправа за причините за воведувањето администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.

Лидерот на СДСМ и пратеник Венко Филипче го обвини дека има директна и најголема политичка одговорност за влезот на Алта банка.

„Клучното прашање е зошто дозволивте таква банка да влезе кај нас, а на тоа не одговоривте“, реплицираше Филипче по одговорот на Мицкоски дека уште во 2023 година тогашната влада предводена од СДСМ, кога премиер бил Димитар Ковачевски, на владина седница ја отворила темата за Алта банка. Тогаш, како што рече Мицкоски, министерот Фатмир Бесими побарал од Владата да одобри државното правобраобвинителство да влезе со односи со Алта банка Србија за продажба на државните акции во Стопанска банка Битола.

„На таа владина седница е присутна половина од сегашнава пратеничка група која тогаш била дел од Владата“, рече Мицкоски, додавајќи дека тие гласале да му дадат право на државното правобранителств, акциите на Република Македонија да му ги отуѓи на Давор Мацура.

Филипче во прашањето рече дека една година како партија зборуваат која е Алта банка и кој е Давор Мацура и дека Владата и Мицкоски не може да не знаат, а ако не знаеле, не треба да ја извршуваат функцијата. Филипче рече дека Владата и Мицкоски дозволиле да влезе банка со забранети пари, како и дека е огромна вашата политичка одговорност.

„Што точно му кажавте на гувернерот кога очигледно му дадовте наредба банката да влезе кај нас“, праша Филипче.

Прашања до премиерот поставија и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски, кој праша дали сегашнта одлука за влез на Алта банка всушност се темели на одлуката од претходната авлада на СДСМ, додека Борислав Крмов од Левица праша во кое својство се консултирал со гувернерот за влегување на Алта банка и во кое својство сега Мицкоски „ја продава банката“, посочувајчи дека премиерот се става над регулаторот и над македонските институции.

Но, наместо да одговори директно на прашањето на Крмов, Мицкоски рече дека политичката партија Левица имала 250 илјади евра влог во Еуростанбдард банка , но не кажа од каде му е таа информација, која спаѓа во делот на банкарски тајни.

Тој рече дека е исклучителен оптимист дека Алта банка ќе добие нов сопственик и дека ќе биде припоена кон друга банка.

Атмосферата се вжешти кога пратеникот Стојановски дополнително го праша Мицкоски дали има сознанија дали пратеници на СДСМ имале влогови односно сметки во Алта банка Битола, „зачинувајќи“ го прашањето со аферите за набавка на вакцини во ковид кризата.

Филипче во дополнителното прашање го повика Мицкоси да одговори која е цената којашто ја плаќаат граѓаните коишто сега се редат во редици да си ги извадат своите пари ограничени една одредена сума.

„Премиере, како и секогаш, добар дел од прашањето ви е спин и дефокус. Вие бевте премиер во 2025 година, вие сте премиер сега, не е Димитар Ковачевски премиер. Алта банка влезе кај нас кога сте вие премиер, кога Трајко Славески е гувернер. Што се зборувало на тие седници на Владата тогаш, тогаш сте правеле континуитет од тие одлуки, тогаш на владата или имате забелешки само на еден дел од одлуките на тие влади на СДСМ или само така како што ви одговара“, рече Филипче додавајќи дека не може да се амнестира од одговорноста.

Слични вести