Дрога, таблети и вага пронајдени во автомобил во Драчево, приведен 49-годишник

by irena 10:31
10:31

49-годишен скопјанец бил лишен од слобода ноќеска во Драчево, откако полицијата при преглед на неговото возило пронашла прашкаста материја, таблети, марихуана и вага.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 ноември, во 02:25 часот, на улицата „Таки Даскалот“, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Х.М. (49).

При преглед на автомобилот „Рено“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети, марихуана и вага.

Лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести