Казино во Кичево крадело струја со уред за манипулација на броила, треба да платат над 2.7 милиони денари

by irena 10:00
10:00

Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени детални анализи на потрошувачката и континуирано следење на динамиката на користење на електричната енергија, Специјализираниот тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија спровел теренска контрола во казино на улицата Магистрален пат во Кичево, при што открил случај на неовластено користење на електрична енергија.

Како што информираат од Електродистрибуција, констатирано било нетипично однесување на мерните уреди, проследено со абнормално зуење во мерниот ормар.

„Со извршените мерења е регистрирана фреквенција од 225 до 340 Hz, што претставува значително отстапување од стандардните 50 Hz. Користење на уред за манипулација со фреквенции, набавен на црниот пазар, со кој било овозможено влијание врз две броила и делумно или целосно нерегистрирање на реално потрошената електрична енергија“, објаснуваат оттаму.

Нагласија дека составен бил записник за неовластено користење и поднесена била пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР.

Изготвени биле и две посебни Фактури за надомест на штета за двете мерни места, во вкупен износ од 2.722.798 денари.

Слични вести