1
49-годишен скопјанец бил лишен од слобода ноќеска во Драчево, откако полицијата при преглед на неговото возило пронашла прашкаста материја, таблети, марихуана и вага.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 11 ноември, во 02:25 часот, на улицата „Таки Даскалот“, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Х.М. (49).
При преглед на автомобилот „Рено“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети, марихуана и вага.
Лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.