ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Г.(51) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „проневера во службата“.
С.Г., вработена во филијала на штедилница во Кавадарци, подолг период вршела злоупотреби на парични средства на штедачи, реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не извршувала прописно евидентирање на нивните депозити, со што се стекнала со противправна имотна корист.
Полициски службеници од ОВР Кавадарци презедоа предистражни дејствија и извршија претреси на повеќе локации, при што биле пронајдени и одземени предмети и документација во врска со настаните.
С.Г. е обезбедена и изведена пред ОЈО Кавадарци, кој доставил предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и обврска да се јавува во суд.