Син нападна татко во Радовиш

by irena 13:36
13:36

МВР информира дека во 12:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода И.Ф.(29) од Радовиш.
Според пријавеното, тој во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.

Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести