Камион удри во метална ограда на скопска обиколница – возачот е тешко повреден

by irena 13:11
13:11

МВР информира дека вчера претпладне во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје „Мајка Тереза“, во близина на клучка „Радишани“, товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот И.С. од Скопје, удрило во метална ограда.

Во несреќата И.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести