Сиљановска-Давкова во Брисел: Македонија останува посветена на европскиот пат и покрај блокадата

by irena 19:07
19:07

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Брисел разговараше со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“ за регионалната соработка и европската перспектива на државите од регионот.

На средбата со амбасадорите на Хрватска, Грција, Унгарија, Италија, Словачка и Чешка претседателката им се заблагодарила за поддршката на евроинтегративниот процес на Македонија. Таа нагласила дека, и покрај блокадата на пристапниот процес, земјава останува посветена на европските интеграции.

Како потврда за тоа ги посочила усогласеноста на македонското законодавство со правото на Европската Унија, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и забрзаното спроведување на Реформската агенда, што е нотирано и во последниот извештај на Европската комисија.

Сиљановска-Давкова изразила очекување дека забрзувањето на пристапниот процес на Македонија и интеграцијата на Западен Балкан ќе бидат меѓу приоритетите на претстојните претседателства со Советот на ЕУ, особено за време на претседателствувањето на Грција и Италија.

Слични вести