НБ: Нема одливи на поголеми износи на средства кон Србија и Русија преку „АЛТА банка“ АД Битола

by irena 15:45
15:45

„Во однос на наводите во јавноста за трансфер на поголеми износи на средства во/кон Србија и Русија преку „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека врз основа на детално анализирани податоци, вакви трансакции во текот на 2025 година и заклучно октомври 2026 година не се забележани“ соопштија попладнево од Народната банка.

Од таму велат „Податоците покажуваат дека трансакциите на клиентите на Банката со Србија се во незначителни износи, особено имајќи го предвид обемот на платниот промет и редовното работење на „Алта банка“ АД Битола“.

„Во 2025 година и заклучно со октомври 2026 година, приливите од Србија изнесуваат 2,2 милиона евра и 6,2 милиона евра, соодветно, додека одливите изнесуваат 5,3 милиони евра и 7,2 милиона евра. Овие трансакции се поврзани со редовното работење на клиентите на банката. Во истиот период, приливите од и одливите кон Русија не се евидентирани во платниот промет и билансот на Банката“ се вели во соопштението на Народна банка.

Слични вести