(ВИДЕО) Пожар во куќа во Њујорк – шест лица загинаа и седум се повредени

by irena 14:40
14:40

Шест лица загинаа, а седум се повредени во пожар што рано утринава зафати двокатна куќа во њујоршката населба Бруклин, соопшти градската противпожарна служба.

Пожарот избувнал околу 01:40 часот по локално време во станбен објект во населбата Сансет Парк, а на местото на настанот биле испратени повеќе од 200 припадници на итните служби.

Пожарот бил ставен под контрола за околу три часа, пренесува „Еј-Би-Си Њуз“ (ABC News).

Четири лица загинале на самото место, додека две други, кои се здобиле со тешки повреди, биле пренесени во болница, каде што подоцна им подлегнале на повредите.

Меѓу повредените имало и тројца пожарникари кои се здобиле со полесни повреди, додека четири други лица се повредени, но нивните животи не се во опасност.

Истражителите за пожари започнаа истрага за причините за избувнувањето на пожарот.

 

Слични вести