Полициска акција во Куманово, се апсат лица од подземјето кои се занимавале со лихварство, уцени и закани

by valentina 10:04
10:04

Засилено полициско присуство и претреси на повеќе локации утрово во Куманово се дел од голема акција на МВР за разбивање организирана криминална група. Неофицијално, групата е осомничена дека подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.

Во рамки на акцијата, покрај објекти поврзани со осомничените, се проверуваат и нотарска канцеларија и менувачница поради можни поврзаности со истражуваните активности.

Акцијата која следува по подолготрајна истражна постапка ја спроведува Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Слични вести