(Видео) Кравите „шетачи“ ја окупираа Крива Паланка

by valentina 08:51
08:51

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, објави неколку видеа на кои се гледа дека кравите „шпетачи“ буквално ја запоседнаа Крива Паланка. Неконтролирано се движат насекаде, по кејот на реката, централното градско подрачје, улиците, поради што претставуваат безбедносен ризик и за луѓето и за сообраќајот.

Снимките докажуваат дека проблемот со стотината крави кои непречено шетаа низ кривопаланечко се уште не е решен. Според сознанија на општина Крива Паланка, повеќе од 1.000 грла крупен добиток неконтролирано се движат на нејзината територија, предизвикувајќи штети на земјоделските насади, приватниот и општинскиот имот и создавајќи ризици за безбедноста на граѓаните и сообраќајот.

Затоа од Општинскиот кризен штаб на Крива Паланка пред неколку дена информираат дека се утврдени мерки и рокови за справување со неконтролираното движење на крупниот добиток, поради што побараа помош од надлежните институции.

В.В.

Слични вести