2
МВР информира дека вчера претпладне во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица која го поврзува паркинг просторот со ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 48-годишниот З.Б. од Скопје управувајќи патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот А.О.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа ,Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.