До изгорен автомобил кај Богданци пронајден е мртов 21 годишник – во возилото имало уште едно тело

by irena 11:40
11:40

Во и до опожарен автомобил кај Горно Село во Богданци биле пронајдени две безживотни тела.

Според засега неофицијалните информации, едното лице е идентификувано како В.Г. (21) од Богданци, а идентитетот на второто починато лице се утврдува.

Полициските информации се дека вчера попладне во 18:40 часот. Т.К. од Богданци пријавил дека забележал опожарено паркирано возило, а во негова близина и безживотно тело.

Полициски службеници од Гевгелија веднаш се упатиле на местото, каде покрај возилото го пронашле В.Г., кој не давал знаци на живот.

Екипа на Итната медицинска помош при Општата болница во Гевгелија констатирала смрт.

Откако пожарникарите го локализирале пожарот, во возилото било пронајдено уште едно лице без знаци на живот.

Полицијата презема мерки за утврдување на околностите и за целосно расчистување на случајот.

Слични вести